Повредата на Мохамед Салах го засени финалето на Лигата на шампиони. Серхио Рамос со валкан потег ја превитка раката на Египќанецот, а потоа заедно со него падна на земја. При падот Салах доби дислокација на рамото, а веднаш потоа го напушти натпреварот.
Египќаните особено стравуваат дека нивниот најдобар играч нема да заигра на Светското првенство во Русија, кое започнува на 14 јуни.
Салах прв пат се огласи после повредата и загубеното финале. Им се заблагодари на сите за поддршката, а откри какви се и шансите да заигра на Мундијалот.
“Беше тоа навистина тешка ноќ, но јас сум борец. И покрај прогнозите, сигурен сум дека ќе бидам во Русија и ќе ве направам горди. Вашата љубов и поддршка ми ја даваат силата која ми е потребна”, напиша Салах.