Германија загуби од Јужна Кореја во последниот дуел од групната фаза на Светското првенство во Русија со 2:0 и не успеа да обезбеди пласман во втората фаза од Мундијалот.
Германците за прв пат Светското првенство го завршуваат во групната фаза и тоа како последни во групата, каде Шведска го освои првото место, Мексико второто, а Јужна Кореја успеа да се избори за честта на својата нација.
После поразот своја порака на Фејсбук напиша и германската Канцеларка, Ангела Меркел:
“Штета. Сите сме тажни денес”, напиша Меркел на својот официјален профил на Фејсбук.