Советникот во општина Центар од партијата Левица, Игор Димески, преку својот твитер профил обвинува дека првата одлука на новиот УО на Паркинзи на Општина Центар бил бркање од работа на вработена која сакала да наплати паркинг на некој партиски моќник.
„Првата одлука на новиот управен одбор на ПОЦ е бркање од работа на вработена и тоа со надгласување, 3 гласа ЗА од СДСМ, 2 гласа Против од Левица и ШЗЦ. Избркана е поради тоа што сакала да наплати паркинг на лице кое и се обратило со “ќе видиш ти кој сум јас”. Па да видиме кој е тој!“, напиша на Твитер советникот Игор Димески од Левица.