Јована Стојческа, ученичка во I год. во СОУ „Ѓорче Петров“- Прилеп под менторство на нејзината професорка Татјана Шабаноска, освои прва награда на Државниот натпревар по биологија кој се одржа на Природно- математичкиот факултет во Скопје.
„Работев напорно, учев, собирав информации од многу книги и секако, се надевав на успех и тоа го добив“- вели Јована.
„Одам на натпревари по биологија од 7мо одделение, што значи дека имам долгогодишно искуство, а сето тоа ми помогна годинава да го достигнам врвот“ – додава Јована.
Минатата година Јована беше дел од тимот кој ја претставуваше Република Македонија на Меѓународната Олимпијада по природни науки IJSO во Арнхем и Најмеген, Холандија.
Се надеваме дека и оваа година ќе нé претставува на Меѓународна Олимпијада и `и посакуваме многу успех.