Во 2015 година се појави едно видео кое предизвика голем интерес кај прилепчани. Се работи за еден “неидентификуван јунак” кој се вози со велосипед низ Прилеп и истовремено снима дупки по асфалтот, како и улици каде се променувале цевки.
Видеото тогаш беше наменето како критика кон тогашниот градоначалник Марјан Ристески, а денеска веќе 2 години во Прилеп има нов градоначалник.
Па, добро би било истиов овој “јунак” да се провози одново и да ни го покаже градот од денешна перспектива.
Како мала помош му ги нудиме следниве две локации:
1. Мовчето кое се гради во населбата Сточен пазар, каде со месеци е вака:
2. Така наречениот “кружен тек” на улица “Борка Талески”…
Останатите дестинации предложете ги во коментари…