Очекувањата на метеоролозите се оствари утрово.
Имено снег има речиси на сите повисоки планини во земјава, а според видео камерите на „skimacedonia.mk“, јасно се гледа формирана снежна покривка и на најпознатите ски центри во нашата земја.
Утрово снег има во Маврово, Попова Шапка, како и во Пониква.
Од фотографиите и видео камерите може да се забележи дека најмногу снег паѓа на Попова Шапка, каде речиси се’ е бело.