Се интензивираат работите за изградбата на новата спортска сала во ООУ “Блаже Конески” Прилеп (ФОТО)

Денес направивме увид во градежните активности околу изградбата на новата спортска сала во ООУ „Блаже Конески“ – напиша на ФБ градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.

-Ова повеќенаменско спортско игралиште, во дворот на училиштето, претставува значајна инвестиција во нашето образование и во физичкото здравје на нашите ученици.

Со инвестиција од околу 23 милиони денари, од Буџетот на Општина Прилеп, овој проект значително ќе ги задоволи потребите на училиштето, кое до сега не располагаше со затворена спортска сала.

Локалната самоуправа на општина Прилеп продолжува со посветена грижа за нашите ученици, инвестирајќи во нивното образование. Овој нов објект ќе овозможи правилно функционирање на физичкото и здравственото образование, што досега беше предизвик за оваа училишна заедница. Со овој проект, дефинитивно ќе ги подобриме условите за развојот на нашите ученици, осигурувајќи нивен правилен раст и здрав развој – напиша Јовчески.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.