Попладнево околу 13 часот, се запалил оџакот во највисоката зграда во Прилеп, познатата 13-катница
Од Територијалната противпожарна единица Прилеп веднаш интервенирале со две возила и била спречена штета и ширење на пожарот.
Од пожарна апелираат домаќинствата, но и куќните совети во зградите редовно да ги чистат оџаците, затоа што токму тоа е една од најголемите причини за пожари во текот на грејната сезона.
За среќа денешниот настан помина без никакви последици, но во голем број случаи штетите се големи.