На стадионот на “Паркот на револуцијата”, денеска со почеток од 14 часот, Победа го пречекува Шкупи.
Овој дуел е еден од најважните за прилепчани, кои со три бода ќе се зацврстат на позицијата надвор од опасната зона на табелата.
На стадионот на “Могила” наместени се 1000 седишта и обезбедени се уште 500 места за стоење, а прилепчани имаат потреба од 5000.
После 10 месеци, Победа се враќа пред својата публика во Прилеп, каде денеска поддршката на навивачите ќе биде вистински ветар во нозете на победашите.
Клубот и навивачката група “Мајмуни” вчера излегоа со соопштенија во кои бараат спортска поддршка за Победа и избегнување на инциденти и неспортско навивање.
“Ова е тест кој сите треба да го положиме”, посочи претседателот на ФК Победа, Д-р Гоце Ингилизов.