Се договори ли Јаким сам без поддршка од наставниците? Штрајкот ставен во мирување – Наставниците бараат оставка?

Јаким Неделков, претседателот на СОНК денеска на прес конференција посочи дека штрајкот е ставен во мирување.

Како што вели тој, денеска Советот на СОНК расправал во врска со добиеното известување од Министерството за образование и наука, по што се консултирале со правници.

„Од денеска генералниот штрајк се става во мирување. Ова е само почитување на законот“, кажа Неделков.

Тој додаде дека ако нема решение, штрајкот повторно ќе стане активен.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.