Се гледа крајот на лошото време: Подгответе се за вистинско лето со повеќе од 30 степени

Неделава која е пред нас се чини е последното што ќе го видиме од дождот пред стартот на новото лето.

Невообичаено ниските температури проследени со интензивни врнежи од дожд ќе се задржат некаде до крајот на оваа недела и можеби во првиот ден од наредната.

Во пресрет на продолжениот викенд за празникот на словенските просветители Св. Кирил и Методиј, метеоролозите конечно носат добри вести.

Токму за тој викенд се најавуваат највисоките температури од стартот на оваа година. За викендот според најавите се очекуваат и над 30 степени во појужните места и околу 28 степени во главниот град.

Тоа се очекува да биде и официјалниот старт на летната сезона со температури кои ќе бараат разладување.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.