СЕ ВРАЌА ЛИ ИНФОРМАТИВНИОТ МРАК ВО ПРИЛЕП, ЗГАСНУВА ЛИ ТВ “КАНАЛ ВИЗИЈА”?!

Се враќа ли информативниот мрак во Прилеп, згаснува ли ТВ “Канал Визија”?!- прашува новинарката Каролина Дурло преку својот Фејсбук профил, истакнувајќи чаршиски муабети околу функционирањето на телевизијата со актуелното ново раководство.

Новинарката Дурло важи за еден од најистакнатите и со најдолг стаж новинари од Прилеп, а до пред промената на сопственичката структура во ТВ “Канал Визија”, повеќе години работеше за оваа ТВ куќа.

“Имам еден повозрасен колега, патем татко на еден пратеник, кого многу си го почитувам, и заради возраста, ама и заради мајсторијата со која го владее зборот.

Ете, тој мој колега, во неговите златни професионални времиња, во своите написи често умееше да каже:”чаршијата зборува”…и почнуваше да ја развива новинарската приказна, базирана на она што чаршијата го вели, чунки во ПП, чаршијата е најверодостојниот информатор.

Е, сега, јас, како една од неговите многубројни “ученички” во зафркнатиов ни новинарски занает, повикувајки се на неговата “школа”, деновиве слушам многоооогу пикантерии за Локалната ТВ, која веке 4-5 месеци има нови сопственици и уредници кои требаше да бидат олицетворение на: “граганското новинарство”, на чесноста, на непристрасноста, на професионализмот, на новиот #живот, а за да го остварат тоа, првиот чекор им беше – отстранување (бркање) на “неподобните”, на број – ЕДЕН и вработување (вдомување) на нови, подобни лица, на број – СЕДУМ/ОСУМ.

Арно ама, стари рекле дека гаволот ни ора, ни копа, туку им прави вратка на оние што со Него тикви саделе, па така, сега ЧАРШИЈАТА ВЕЛИ: ТВ-та останала без управител, ТВ-та направила огромни долгови, ТВ-та со месеци им должела плати на вработените, како и тоа дека на ТВ-та лошо и се пишувало…???!

Се надевам, дека овој пат Чаршијата греши и лаже…и дека навистина во ТВ-та цветаат само ружи, оти сакам да верувам дека трњето беа “искршени” со бркањето на неподобните, на број ЕДЕН…иако, за волја на вистината, се сомневам дека е така..!!! Ке му дадеме време на времето, а тоа сигурно ке ги даде одговорите на прашањата кои секако заслужуваат одговор..!!!”, пишува Дурло.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.