Се вработи и советничката од СДСМ Прилеп, која за време на ланското одбележување на Денот на народното востание, 11-ти Октомври, прочита дека Народно ослободителната борба траела само 23 дена.
“Денес, во очи празникот 11ти октомври, оддаваме почит на сите кои на тој ден 1944 година го започнаа ослободувањето на Прилеп, а го завршија на 3-ти ноември истата година”, исткна тогаш од месноста “Песјобрдце”, сегашната советничка од СДСМ во Советот на општина Прилеп, Ивона Кузмановиќ.
По примерот на нејзините колеги и за Кузмановиќ се најде работно место, па како што дознаваме се вработила во Центарот за јавно здравје во Прилеп.
Претходно за вработувањата на советниците од СДСМ, преку прес-конференција информираа и од ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму запрашаа:
“Дали ова се имињата на нововработените и поставени функционери?
Миле Талевски- вработен во станбен и деловен простор Прилеп; Драги Богојески- Директор на Болница; Јулијана Цековска- Раководител на станбен и деловен простор Прилеп; Моника Грашеска Илиеска- Претседател на Управен одбор во Болница, чиј сопруг беше директор на ЈКП Пазари; Никола Багески-Правник во Водовод; Валентин Божиновски- вработен во УЈП; Еленче Ташковска-Наставник во ОУ „Кочо Рацин“; Цвете Стојановска, внука на градоначалникот вработена во Општина Прилеп; Весна Северкоска, ќерка на Жарко Северкоски, вработена во Општина Прилеп; Јана Јанеска Ристески, сестра на новинарот Огнен Јанески, вработена во Општина Прилеп; Звонко Талески- Директор Прилепско поле; Рубинчо Ристески-Локална самоуправа Прилеп”.