Се ближи сезоната на руска салата: Овој рецепт е толку едноставен што ќе го правите многу често

Нема куќа во која за празниците не се припрема омилената руска салата. Иако постојат неколку рецепти, ви го претставуваме наједноставниот, а ви гарантираме дека вкусот е одличен.

Состојки:

150 гр. компир, 150гр. моркови, 150гр. грашок (може и замрзнат), 150гр. кисели краставички, 200гр. шунка, 300гр. мајонез, 2 варени јајца, лажичка сенф, 2 лажички лимонов сок, сол и црн бибер.

Подготовка:

Компирот и морковот исецкајте ги на ситни коцки. Ставете ги во сад со посолена вода и гответе околу 3 минути. Грашокот варете го околу 15 минути додека не стане мек. Шунката, киселите краставички и варените јајца исецкајте ги на коцки. Сите состојки промешајте ги и додадете го мајонезот, лимоновиот сок, сенфот и зачините. Добро промешајте и ставете ја салатата во фрижедер да се излади. Сервирајте ладно!

Добар апетит!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.