Промена на името нема да има, двојазичност нема да има, мигранти нема да има. ,,Се беше во главите на вмровците’’. Но сега еден по еден се остваруваат најголемите стравови на граѓаните на Македонија. Откако се изгласа законот за двојазичност и промената на името во Собранието на ред се камповите за 150 илјади мигранти во Македонија и целосна промена на структурата на населението во државата.
Миленко Неделковски како и секогаш излезе со ексклузивна информација, овој пат од Службен Весник на Република Македонија каде се потврдува намерата на владата на Заев за изградба на мигрантски кампови.
Имено во Службениот Весник пишува, ,,Изработка на државна урбанистичка планска документација за прифатен центар за странци за потребите на Сектор за гранични работи и мирации при Министерството за внатрешни работи на КП бр. 35, запишана во Имотен лист бр. 2140 за КО Бардовци’’. Иако министерот за внатрешни работи Спасовски изјави дека нема да се гради ваков камп, тоа се покажа како уште една ноторна лага. Кампот ќе се гради во населба Бардовци. Истата изјава ја имаше и Шилегов кој вети дека нема да има изградба на мигрантски кампови на територијата на Скопје, но пред фактите и боговите молчат. До ден денес никој од власта ја нема демантирано објавата во службен весник.
Извор: “Инфомакс”