На веб страницата Change.org се појави петиција во која се бара од УЕФА и ФИФА да го казнат одбранбениот фудбалер на Реал Мадрид, Серхио Рамос поради намерно повредување на најдобриот напаѓач на Ливерпул, Мохамед Салах.
До овој момент на петицијата се потпишале нешто помалку од 115 илјади луѓе, но бројката расте од секунда во секунда.
Во описот на петицијата се вели дека освен повредата на Салах, каде што намерно го држи за рака, Рамос во неколку наврати симулирал фаули врз него, што доведе до тоа Мане да добие жолт картон, кога тој тоа не го заслужи.
Според организаторот на петицијата, потпишан како Мохамед Салах Абдел-Хакин, УЕФА и ФИФА треба да преземат мерки против Рамос и сличните играчи како него, користејќи видеа од натпреварите за да се сочува духот на играта.