Работата во странство одамна ги привлекува луѓето од овие простори, а особено ако е добро платена.
Неодамна на веб страница на која има огласи за работа во Германија се појави и оглас на кој се бараат 30 возачи на камиони, но за Ирак.
Се наведува дека станува збор за превозна компанија од оваа држава, на која и се неопходни возачи кои имаат Ц, Е или Д категорија и тоа за постојан работен однос.
Работодавецот бара потврда за положената категорија и КОД 95 кој овозможува извршување на превоз на товари, односно на патници во земјите членки на ЕУ. Ознаката КОД 95 се запишува во возачката дозвола и се обновува на секои 5 години.
Сепак, иако работодавецот бара и запишан КОД 95, тоа не значи дека за оваа работа може да се пријават само граѓани на држави членки на ЕУ. Напротив, огласот е отворен за сите.
Неопходно е да имате познавање на англиски и германски јазик, како и работно искуство на возач.
Предвидено е да се вози 40 часа неделно, а за извршената работа се добива плата од 5.200 евра.
Во огласот се наведува дека е обезбедено сместување, но и дека за храната работниците треба да се погрижат сами. Доколку сакате да се пријавите на овој оглас деталите можете да ги видите ТУКА.
Платата е примамлива, но дали е вредно да го ризикувате животот за тие пари?
Дека ситуацијата во Ирак е нестабилна, говорат и бомбашките напади, но и војната со Курдите на северот од државата.
Последната експлозика која го потресе Ирак, се случи минатата недела и тогаш животот го загубија 8 лица, а 27 беа ранети. Турските сили со месеци го бомбардираат северниот дел од земјата, каде се наоѓаат упориштата на Курдите.