Oваа година се навршија 19 години од големиот спектакл на градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп, каде во рамките на второто коло од Интер Тото купот, се сретнаа екипите на Победа и Перуџа.
Пред 15.000 љубители на фудбалот, Победа се обидела да му се спротистави на италијанскиот калчолигаш и да го надмине резултатот од 1:0 со кој Италијанците дошле во Прилеп од првиот меч.
Но, резултатот од 0:0 во Прилеп, бил доволен за Перуџа да се пласира во наредното коло.
Сепак, овој меч сеуште буди емоции, овој меч сеуште се памети од фудбалската јавност и ова е еден од ретките мечеви што претставуваат вистински спектакл и живеат вечно.
Погледнете како изгледал градскиот стадион “Гоце Делчев” на тој 11-ти јули 1999 година: