Сеуште активен пожapoт во прилепско: Зафатени 100 хектари со ниска дабова шума и сува трева

Пожарот кој започна на ден 01.09.2019 година на потегот на с. Подвис кон с. Годивле, општина Крушево е сеуште активен. Гори ниска дабова шума, сува трева и стрниште, информираат од Центарот за управување со кризи.

Зафатена е површина од околу 100 хектари. Во текот на вчерашниот ден во негово гаснење интервенирале работници од ШС Липа од Крушево, и пожарникари од ТППЕ Кривогаштани и од ТППЕ Крушево. Со гаснењето ќе се продолжи во текот на денешниот ден.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.