Мало девојче не можеше да си ги задржи солзите-радосници кога за првпат ја зеде в раце новородената сестричка.
Во видеото, тоа нежно го гали бебенцето додека мајка му го прашува дали ја сака сестра си и што е она што најмногу го сака кај неа. „Сакам сè кај неа“ – вели слаткото девојче.
„Најубавата љубов на светот. Сестри“ – пишува во описот.