Сестрата на Јане Ченто пренесе порака од нејзиниот брат: “Не сакам амнестија, ниту аболиција, сакам фер судење, а не местенки”

Сестрата на Јане Ченто кој се наоѓа во притвор во затворот во Шутка, пренесе порака преку нејзиниот Фејсбук профил од нејзиниот брат.

– Денес бев на посета кај брат ми Јане Ченто и ми рече да ви пренесам и на власт и опозиција и на македонскиот народ:

“Не сакам амнестија, ниту аболиција, сакам фер судење, а не местенки. Никој да не преговара амнестија во замена за промена на уставното име. Побрзо би умрел, отколку да се прифати амнестија за замена на уставното име РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Издржете македонци, не се предавајте!
Не смеете да ја изгубите вербата во македонштината. Македонија е како езеро, ако неколку капки се нечисти, езерото нема да стане валкано. Ќе дојдат подобри денови, ние ќе издржиме. Издржете и вие надвор!

Да живее РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!”

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.