Јасмина Алекшовиќ внука на Методија Андонов Ченто и сестра на Јане Ченто на својот Фејсбук профил објави емотивна порака за својот брат кој се наоѓа во притвор за настаните од 27 април во Собранието.
“Братче мое, го чекам денот кога силно ќе те гушнам, солзи ќе се стркалаат по моето лице, силно ќе те гушнам и ќе заплачам од среќа, а ти ќе ми речеш: “сестро не плачи, избриши солзи, крени глава, се што правам и ќе правам е за мајка Македонија”…
Голем човеку, јунак наш, гордост македонска со лавовско срце, човек со народна душа…ќе дојде денот кога ќе стапне твоја нога надвор посилна од било кога…”, напиша Јасмина.