Лука Модриќ блеска во дресот на Реал Мадрид, а со одличните партии продолжи и на Мундијалот во Русија.
Тој е главен играч на “огнените”, даде веќе 2 гола, од кои особено убав е оној против Аргентина кој ги оддува Меси и неговите соиграчи.
Веќе некое време се шпекулира за тоа дека Лука наскоро може да го напушти Мадрид. Влезе во 33 година, не е веќе толку млад, а како заинтересирани се споменуваат Јунајтед, Тотенхем и Арсенал. Меѓутоа, сега Шпанците пласираа вистинска бомба.
Всушнот, Дон Балон тврди дека Флорентино Перез добил сензационална понуда за сјајниот Хрват и тоа од Минхен. Хасан Салихамиџиќ е одучен да ја исполни желбата на Нико Ковач, а тоа преселба на Алијанц Арена на Лука Модриќ.
“Баерн го предводи поранешниот хрватски селектор Нико Ковач, кој може да го убеди Лука да го напушти Реал”, тврдат Шпанците и додаваат: “Вистина е дека Лука нема затворено ниту една врата. Наскоро ќе има 33 години и не е исклучена можноста да го потпише последниот голем договор со некој од клубовите во врвот на Европа. Но, не е Баерн единствен кој го сака Модриќ, интерес покажал и неговиот поранешен клуб Тотенхем”.