Kристијано Роналдо би можел да заврши во Јувентус ова лето, јавува реномираниот италијански весник “Tuttosport”.
Асот на Реал Мадрид неодамна го одби новиот договор на клубот вреден 31,5 милиони евра за да остане на Сантиаго Бернабеу.
Покрај Јувентус за Роналдо се заинтересирани уште ПСЖ и Манчестер Јунајтед.
Старата дама денеска беше одбиена за играчот од средниот ред Сергеј Милинковиќ Савиќ, за кого Лацио бара 100 милиони евра.
Покрај за Савиќ на Јуве му беше одбиена понудата од 19 милиони евра од ЦСКА Москва за Александар Головин, ѕвездата на руската репрезентација кој привлече огромен интерес на Светското првенство.