Семејство од Прилеп кое пред 3 години се преселило во Австралија барајќи подобар живот, го снајде страшна трагедија.
Семејството Јорданоски од Прилеп, кое пред 3 години се пресели во Австралија, остана без својата ќерка, Тамара Јорданоски, пишува австралискиот Дејли Телеграф.
17-годишната Тамара, во саботата вечерта заедно со нејзиното момче Џовани Санторо загинаа во страшна сообраќајна незгода во близина на Порт Ботани во Сиднеј.
Момчето на Тамара управувало со возило БМВ при што удрил во бандера, потоа возилото се превртило и запалило. Полицијата ги истражува точните причини за настанатата несреќа, а очевидци тврделе дека возилото се движело со поголема брзина од 100 км/ч.
Александар Јорданоски, татко на Тамара, рекол дека неговата ќерка сакала да стане доктор, откако семејството пред три години се преселило од Македонија, барајќи подобар живот. Со Џовани се запознале веднаш откако стигнале во Австралија.
A.Г.