Прогласени победниците во Македонската параглајдинг лига
Оваа 2021 година беше исполнета со доста активности, за разлика од претходната година во која сите натпревари беа откажани поради пандемијата со ковид -19.
Прилепчани стандардно доминираат на манифестацијата, а најзаслужни за тоа се од параглајдинг клубот “Делта” и семејството Јованоски.
Борјан Јованоски го освои првото место во дисциплината прецизно слетување. Неговиот брат, Мартин Јованоски е прв во дисциплината прелети и трето место во прецизно слетување.
Глигор Зафиров е второ место во сериска класа дисциплина прелети, Миле Јованоски второ место во вкупен пласман – дисциплина прецизно слетување и Александар Ангеловски заврши трет во прелети.
Параглајдинг клубот “Делта” пак го освои првото место во прецизно слетување и второто место во дисциплината прелети.