Семејството пред се’: Ноле го освои ОЛИМПИСКОТО ЗЛАТО, а потоа со солзи се фрли во прегратки на семејството (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ конечно го освои тоа што му недостигаше во пребогатата со трофеи витрина, а тоа е ОЛИМПИСКО ЗЛАТО, за себе и за својата татковина.

Во тениското финале на Олимписките игри во Париз, Ноле до златото стигна по тричасовен атомски тенис со 16 години помладиот Шпанец, Карлос Алкараз.

Финалето беше одлучено во два сета и два тај брејка, кои Србинот ги доби со 7:3 и 7:2 и конечно се израдува на медалот кој му недостасуваше во кариерата.

Веднаш по завршниот поен, Ноле го обзедоа емоциите…Плачеше и целиот се тресеше, а потоа веднаш се упати во прегратки кај семејството.

Пример за спортист, пример за истрајност!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.