Гранит и Тауљант Џака се вистинска сензација на ова Европско првенство и се единствените браќа кои настапувале за две различни репрезентации на еден европски мундијал.
Гранит е ново момче на Арсенал, а неговиот брат повеќе време е едно од најзвучните имиња во Базел. Меѓутоа иако веќе светски познати, браќата не заборавиле од каде потекнуваат.
И покрај нивната слава, првото нешто кое браќата го прават кога ќе земат плата, не е трошењето на скапи автомобили или стилизирана облека, туку 80% од парите им ги даваат на родителите.
Гранит вели: “Бидејќи им должиме на нашите родители буквално се’, сакаме со нешто да им возвратиме. Секој месец од нашите примања одделуваме 80% и ги даваме дома. Ние сме млади, наивни, парите можат брзо да се потрошат. Ако некој мисли дека е нешто повеќе од другите, само затоа што има повеќе пари на сметката, се лаже. Семејството е нашиот најголем луксуз”
A.Г.