Од битолската болница “Плодност” споделија една прекрасна вест, дека нивното семејство стигна до бројката 700 новороденчиња во 2023година.
-Од година во година, бројот на нашите членови на големото Плодност семејство постојано се зголемува. Ви благодариме на Вашата доверба, што го препoзнавате единствениот квалитет на услугите кои ги нуди само Плодност – напишаа од болницата на социјалните мрежи.