Семејното насилство е во пораст во Прилеп. Моментално се водат 34 случаи по различна основа. Измината годиниа биле пријавени 143 случаи на семејно насилство.
Жртвите се од различен пол и со различна економска состојба. Изминатата година не изостанале и мажите од вакво насилство. Причините се најразлични и тргнуваат од психичко, физичко насилство, па се до насилство на економска основа и сексуално насилство.
Меѓутоа во последно време се повеќе жртви се охрабруваат да ги пријават своите насилници и да ја бараат правдата.
Aлександар Георгиоски