Претседателот на Алијанса за Албанците Зијадин Села, во вклучување преку скајп за РТВ Ора рече дека во Северна Македонија треба да има предвремени избори и промена на власта.
– Ние како Албанци, како албанска партија, сметаме дека предвремените избори треба да се случат што е можно поскоро. Ова со цел конечно да се смени власта и на тој начин да се донесе демократија и да ја вратиме надежта на луѓето и да се запре егзодусот на младите кон ЕУ, рече Села.
Упати и критики кон ДУИ.
– Сите функционери на ДУИ се заштитени од овој сегашен полу режим на СДСМ и ДУИ, кои мора да одговараат за kpиминалот и kopyпцијата кои ги имаат направено. Затоа велиме дека е многу важно да има предвремени избори со цел да дојде до израз одговорноста на албанскиот дел од владата, која владееше незako
нски начин и со проблемите на ваквиот начин на владеење се соочуваме секој ден во албанското општество, додава тој.