Села: “Нa дoбap пaт cмe дa пoбeдиме ceкaдe кaдe имаме заеднички кандидат со ВМРО-ДПМНЕ”

Лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села денеска истакна дека опозицијата во државата е на добар пат да оствари позитивни резултати насекаде каде настапува со заеднички кандидати.

Села од Охрид каде имаше работна средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакна дека соработката со ВМРО-ДПМНЕ е добра.

По однос очекувањата од престојните избори Села истакна дека независно што се работи за составот на идната локална власт во општините нивната важност произлегува оттаму што токму од резултатите на овие избори ќе произлезат услови за промени на централно ниво.

-Од исходот на Локалните избори ќе произлезат важни работи на централно ниво. Оваа наша соработка има за цел спречување на продолжениот раст на стапката на корупција. За жал стануваме најкорумпирана држава во регионот, па и во светски размери. Затоа треба да смогнеме сили да соработуваме за да ја промениме оваа власт која дојде со многу ветувања, а од друга страна, за жал, не успеа ништо да реализира од ветувањата, рече Села.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.