Села и Мицкоски остварија средба во Собранието, потврдена е заемната поддршка во вториот круг

Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, во просториите на Собранието на Република Северна Македонија, се сретна со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со кого разговараше за текот на изборниот процес и понатамошните чекори.

-На средбата беше потврдена заемната поддршка во вториот круг, за општините за кои имавме договор за првиот круг. И покрај манипулациите, притисоците, купувањето на гласови и злоупотребите, граѓаните докажаа дека се против Владата, и сегашната власт веќе нема легитимитет да ја води земјата ниту на локално ниту на централно ниво, соопштија од Алијанса за Албанците.

Оттаму посочуваат дека и коалицијата меѓу Алијанса за Албанците и Алтернативата е стабилна и работат заедно за да создадат ново парламентарно мнозинство во многу краток период.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.