Села: Заев, Османи и Димитров да си дадат ocтавки

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зиjадин Села, денеска побара ocтавки од премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, пренесе ИНА.

Тој рече дека бара ocтавка поради нeyспехот на Македонија да почни преговори за членство во Европската унија.

„Денешната прес-конференција е свикана по следниот нeyспех на ДУИ и СДСМ за членство во ЕУ. Повеќепати повикувавме земјата да влезе во ЕУ. Но, сега сме пред реалноста каде се соочивме со бугарското вето. Владата Заев-Ахмети не успеа по шести пат да почне преговори со ЕУ, а овој пат тие не успеаја во еден од најважните критериуми како што се добрососедството и регионалната соработка. Тие не успеаја заради измамничkaта политика на Заев и се соочија со бугарско вето. Заев не може да прави политика во која, каде потпишува договори, а не ги спроведува како што беше Договорот со Бугарија. Одговорните за ова што се случи имаат име и презиме, а тоа се премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Бујар Османи и вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров “, рече претседателот на АА, Зијадин Села.

Лидерот на АА нагласи дека решението на оваа состојба го гледа со формирање на широка Влада и заедно со локалните избори да се одржат и парламентарни избори.

„Договорот за пријателство со Бугарија не успеа. Заев, Османи и Димитров да си дадат ocтавки. Да се одржат предвремени парламентарни избори заедно со локалните, додаде Села.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.