Андреа Мариа Лазар, позната како Андреа Лулу е романска пејачка, актерка, танчерка и модел, а се прослави во романскиот “X Фактор”.
Најголемата љубов на Андреа е музиката, а покрај тоа таа е љубител на ориенталните танци. До сега има посетено многу арапски држави во кои настапувала и снимала видео-спотови.
Нејзиното најголемо задоволство покрај работата со која се занимава се плажите и летувањата во најегзотичните места: Бахамите, Карибите, Мајами, Мексико, Италија и Турција.