Секој милиметар искористен: Овој стан е голем само осум метри квадратни а има сè (ВИДЕО)

На некои луѓе навистина не им треба многу за среќа. Доказ за тоа е и Ема од Австралија која се преселила во Јапонија и таму живее во минијатурен стан, се на се осум метри квадратни и се наоѓа во центарот на Токио.

stance-malo-640x409

Што е најдобро од се во него има се што и треба, кујничка, купатило, спална соба, дури и мал балкон. За него плаќа 69.000 јени месечно, што е околу 580 евра.

-Долго време барав смештај и кога го видов овој стан едноставно ми падна на око затоа што е направен на две нивоа. Дел за спиење одвоен од остатокот од станот. Секогаш сум сакала да живеам во Јапонија и тоа овде е така. Во центарот на Токио становите се многу мали, објасни таа и додаде дека е многу среќна.

Сепак ваков смештај дефинитивно не е за луѓе кои патат од клаустрофобија(страв од мал или затворен простор), затоа што е навистина малечок. Двата ѕида можат да се допрат со рацете во исто време и тоа без да ги испружите до крај.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.