Секој мал чекор кон подобрување на заедницата, има големо значење: “Авто Контрол” донираше лаптоп за потребите на Детското одделение во прилепската болница

Компанијата “АВТО КОНТРОЛ”, која важи за пример за општествена одговорност во Прилеп, денеска донираше лаптоп компјутер за потребите на Детското одделение во болницата “Борка Талески”.

-Како општествено одговорна компанија, ние веруваме дека секој мал чекор кон подобрување на заедницата има големо значење. Денес со особена чест и радост донираме лаптоп на Детското одделение во болницата “Борка Талески” од нашиот град, со надеж дека ќе придонесе за олеснување на работата на медицинскиот персонал и ќе донесе насмевки на лицата на најмладите пациенти. Грижата за заедницата е наша заедничка одговорност, и ние ќе продолжиме да даваме поддршка таму каде што е најпотребно. Благодарност до целиот тим на општа болница “Борка Талески за нивната посветеност и грижа за децата, истакна Даниела Перканоска, генерален менаџер на компанијата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.