Секој ден по 100-тина казни и пак не им иде умот: Вчера 114 казнети возачи на територијата на СВР Битола

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден (24.09.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на СВР Битола санкционирани се 114 возачи, меѓу кои 77 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 8 возачи за управување под дејство на алкохол, 3 санкции за непрописно паркирање. Изречена е една санкција за користење на мобилен телефон при возење.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта – се вели во соопштението од СВР Битола.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.