Секој ден нова улица во Прилеп: УЗ “Ѓогдере” доби нов асфалтиран крак

_mg_0490

Кракот кој се наоѓа на улицата „Блаже Темелкоски“, деновиве беше пуштен во употреба од страна на градоначалникот Марјан Ристески и голем број граѓани од оваа урбана заедница. Вредноста на овој инфраструктурен зафат изнесува 300.000 денари, а средствата ги обезбеди Локалната самоуправа. Со реализација на ваквиот инфраструктурен зафат значително ќе се подобрат условите и ќе се олесни одвивањето на сообраќајот во овој дел од градот.

_mg_0496

_mg_0489

_mg_0491

_mg_0494

Жителите се презадоволни, велат дека по многу години за прв пат им се асвалтираат улиците.

Општина Прилеп и понатаму ќе продолжи со реконструкција, изградба и рехабилитација на патната инфраструктура во градот и околината.

_mg_0426

_mg_0422

_mg_0423

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.