Секој ден нешто ново! Промените во прилепската болница стануваат реалност, набавен нов модерен стерилизатор

Промените се видливи и тие се случуваат секој ден. По објавата вчера дека пациентите ќе добиваат храна преку кетеринг услуга од компанијата „Ана Марија Фуд“, денеска уште една новина во прилепската болница. Набавен е и пуштен е во употреба нов модерен стерилизатор со пареа – автоклав, од реномираниот бренд PROHS.

-Оваа инвестиција претставува голем чекор напред во подобрување на здравствените услуги што ги нудиме. Се работи за високотехнолошки вакум автоклав кој после цели 20 години ја обновува стерилизационата опрема во болницата.

Што значи ова за пациентите и персоналот?

-Брза и сигурна стерилизација на медицински инструменти, текстил и потрошен материјал,
-Напредна превакум технологија и заситена пареа за максимална ефикасност,
-Целосно автоматизирана контрола преку LCD екран,
-Сигурност и прецизност со систем за проверка на температура, притисок и врата,
-Печатење извештај за секој циклус – за целосна следливост и отчетност.

Со оваа нова опрема значително се унапредува квалитетот на стерилизацијата, што придонесува за намалување на болничките инфекции и подобра заштита на пациентите и здравствениот кадар. Вредноста на оваа инвестиција изнесува 5.848.080 денари – вложување во посигурно и поефикасно здравство – стои во соопштението од болницата “Борка Талески”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.