Дури и да не може да направи сите да поживееме 152 години, нема никакво сомневање дека сурутката е еден од најздравите напитоци кои постојат. Еве што се лекува:
Toмас живеел еден и пол век благодарејќи на напитокот кој го пиел секојдневно, а тоа е сурутката.
Состав и лековитост на сурутката
Сурутката е толку благотворна што може да се пие речиси од раѓање до смрт.
Сурутката е изворен облик на течност која содржи помалку од еден процент масти и над 93 % вода. Главни состојки на сурутката се калиум, натриум, магнезиум, фосфор, железо, цинк, бакар, кобалт, манган, молибден, витамини, важни ензими и аминокиселини. Содржи само 26 калории на сто грама, која воедно е и добра за слабеење.
Најздрав напиток за заболувања на црниот дроб
Здрав црн дроб е клуч на здравјето на оргнизмот, а сурутката е моќен прочистувач на црниот дроб. Доколку имате било какво заболување на црниот дроб задолжително пијте сурутка. Таа содржи и бета-лактоглобулин кој го снабдува организмот со аминокиселини(BCAA),а посебно за заболените од цироза овој (BCAA)придонесува да живеат подолго и поквалитетно, тврдат стручните лица.
За кондиција и слабеење
Aко интензивно се занимавате со спорт или пробувате да ослабнете, или доколку сте под стрес, како и доколку боледувате од тешки болести , сурутката треба да биде составен дел од вашето мени. Сурутката е богата со електролити, одлично го хидрира телото, дава зголемена енергеија и затоа е многу подобар избор од штетните енергетски пијалоци.
Сурутката е неизбежен дел од исхраната на секој спортист и конзумирањето на сурутката овозможува побрзо заздравување и растење на мускулите е главна сировина за производство на протеини , кои се неизбежен дел од исхраната на спортиститеa . Воедно сурутката го намалува апетитот и затоа го поттикнува слабеењето. Воедно, допринесува и за здравјето на нервите, бидејќи го намалува шеќерот во крвта и крвниот притисок, покажуваат истражувањата на врвни клиники и научни центри за исхрана.
Млечната киселина која ја поседува сурутката го намалува бројот на штетни бактерии во цревата, а нејзината ниска PH ја поттикнува работата на истите.
Суруртката се препорачува редовно да се конзумира кога имате надуеност, грчеви и хронично воспаление на цревата. Сурутката е најдобриот народен природен лек скоро за сите болести, како и најдобриот лек за превентива.
Сурутката може да ја купите на пазар, во продавниците за здрава храна а најдобро е да ја набавите од произведувачите на млеко и млечни производи.
Козјата сурутка е докажано најдобра, но секако може да се употребува и кравјата.Најважно е животните да не се хранети со хормони.
Бидејќи сурутката има диуретичко својство , се препорачува на почетокот да се конзумира во умерена количина,односно можете да пиете три пати на ден по 150 мл., а потоа оваа доза може да се зголеми и до 1 л. на ден. Пијте ја сурутката пред секој оброк.
Покрај внатрешната употреба сурутката може да ја користите и за надворешна нега на кожата и косата.