Над 110 лица се пријавени за учество во традиционалното фрлање на Светиот крст во водите во отворениот базен од Хотел „Салида“ во Прилеп , на 19 јануари на Богојавление – Водици, информираат од Прилепско намесништво од Преспанско – Пелагониска Православна Епархија.
Меѓу пријавените засега има и 6 девојки, кои ќе учествуваат заедно со момците да го фатат Светиот крст. Пријавувањето ,како и секоја година се одржува на 9 јануари, на трет ден Божиќ, а интересот секоја година е се поголем.
Кандидатите најпрво треба да се крстени и потребно е да имаат бесплатен лекарски преглед, како услов за пријавување за фаќање на Светиот крст, информираат од Прилепско намесништво.
Извор: “Радио Пела”