Фото/printscreen
Наместо скапа промоција на песните од новиот албум, битолчаните од познатата музичка група “Молика”, парите ги донираа во Домот за доенчиња и мали деца во Битола.
“Изминатите години сме праеле многу скапи промоции на нашите песни, меѓутоа овојпат решивме паричните средства кои се трошат за скапи промоции по луксузни хотели и ресторани, да ги донираме во материјални средства овде во домот за деца без родители во Битола. Не сме донирале прв пат, сме донирале и порано и ќе продолжиме, со цел да ги мотивираме сите граѓани и фирми, кој колку што може да донира за овие дечиња и да му се помогни”, вели Анета Мицевска пред камерата на ТВ “Тера”.
Во најновото 9-то ЦД на групата Молика се наоѓаат осум нови песни. Меѓу нив и една стара егејска препеана песна.
Aнета исто така кажа дека наредно групата заминува на турнеа во Австралија, а новото ЦД за неколку дена ќе биде во продажба во издавачката куќа “Сенатор рекордс”.