Maкедонски ултра-маратонци настапија на трката во Истра, Хрватска, која е дел од светската серија на ултра-маратони, а нивните резултати се рамни на подвиг.
Виктор Најдовски истрча 168,6км за 28часа 49 минути и 13 секунди. На трката од 110 км. најдобра беше Радмила Јованова со време 17:51.14, а Сунчица Близнаковска победи на трката од 42,1 км., која ја мина за 6:10.31.
Секоја чест!