Ракометниот клуб од Прилеп со сериозни амбиции ќе ја започне наредната сезона во суперлигашката конкуренција, а раководството веќе презема конкретни чекори за стабилен и конкурентен тим.
Клубот ја потврди довербата во тренерот Наум Танески, кој и следната сезона ќе го предводи тимот од клупата. Континуитетот во стручниот штаб се смета за клучен фактор во градењето на посакуваните резултати.
Во играчкиот кадар, дресот на Прилеп ќе продолжи да го носи и најдобриот стрелец Димитриоски, кој останува верен на клубот од својот роден град, како што претходно беше најавено.
Покрај него, соработката е продолжена и со десниот бек Никола Шипинкоски, кој се приклучи на тимот од Охрид во текот на полусезоната и остави позитивен впечаток.
Во ростерот за следната сезона остануваат и странските интернационалци Владан Кастратовиќ, Томислав Квастек и Денис Шабановиќ, кои веќе имаат важечи договори и ќе бидат значаен дел од амбициите на прилепскиот состав.
Со ваква основа, Прилеп јасно покажува дека ќе атакува на повисок пласман и стабилна позиција во елитното друштво.
























