Компанијата “АВТОКОНТРОЛ” од Прилеп по којзнае кој пат ја покажа својата општествена одговорност, овојпат донирајќи 55 комплетчиња со капчиња, шалчиња и ракавици за децата од посебните паралелки во ООУ “Климет Охридски”.
– Денеска компанијата “Автоконтрол” ја демонстрираше својата општествена одговорност и хуманост со својата донација, верувајќи во моќта на образованието за сите деца, без разлика на нивните предизвици. Вашата поддршка е светло за иднината на децата со посебни образовни потреби, овозможувајќи им да го остварат својот потенцијал и да изградат самодоверба во своите способности. Благодарение на фирмите како вас, тие добиваат шанса да се развиваат и да се издигнат во подобри личности – напишаа од училиштето на социјалните мрежи.
Подароците ги врачи Генералната менаџерка на компанијата, Даниела Перканоска, која притоа на дечињата им посака Среќна Нова година, исполнета со радост, успеси и многу насмевки.
-Секој ваш сон заслужува да се оствари, секој ваш труд заслужува аплауз. Нека срцата ви бидат исполнети со љубов, а деновите со светлина и топлина, истакна Перканоска.