Општина Битола деновиве се пофали дека ја реновирале спортската сала во основното училиште „Д-р Трифун Пановски“.
„Ги завршивме реконструктивните зафати во спортската сала на ОУ „Д-р Трифун Пановски“, во кои општината вложи повеќе од 1.500.000 денари. Оваа сала од 1956 година практично била оставена на забот на времето. Околу 300 ученици кои учат во ова училиште ќе имаат можност да изведуваат настава по физичко воспитување, што е на големо задоволство на целата општина, советниците, градоначалникот и локалната самоуправа. Чинам дека ова е начинот на кој што можеме да градиме здраво тело и здрав дух, пред се, со создавање на услови за тоа“, посочи градоначалничката на Битола Наташа Петровска.
Секоја му чест на тој што ќе постигне тројка од крилна позиција. Погледнете ја фотографијата и ќе ви стане јасно…