Јули месец, а фонтаните во Прилеп се’ уште не работат
Фонтаните во Прилеп се украс на Прилеп, но тоа не е случај ова лето. Речиси сите фонтани во градот не работат, со исклучок на фонтаната пред Комерцијална банка и пред Центарот за култура “Марко Цепенков”.
Еве каква е сликата кај споменикот Карпалак и пред 13-катницата:
Фонтаните пред извесно време беа причина за препукување помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и директорот на ЈКП Водовод и канализација.
Од ВМРО-ДПМНЕ тогаш покажаа договор дека ЈКП Водовод и канализација склучило договор со фирма за одржување на фонтаните во вредност од 939.139 денари.
Директорот на ова јанвно претпријатие заработи и кривична пријава од МВР, но за друг случај.
Спиркоска: Се редат кpивични приjaви за поcлушниците на Заев, Талевски и Јованоски