Сезонава речиси и да немало гpип: Бројката на заболени од сезонски гpип паднала за 92,5%

Во сезоната 2020/2021 година вкупниот број заболени од сезонски гpип изнесува 539, што е за 92,5 отсто помалку споредено со истиот период лани и 94,5 отсто помалку во однос на типичната сезонска крива, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје – информираат од Министерството за здравство.

Најголемиот број заболени се пријавени во возрасната група која опфаќа најголем дел од населението од 15 до 64 години (228 случаи), а највисоката инциденца се регистрира кај децата на возраст до четири години.

Во петтата недела од 2021 година, пријавени се 45 случаи на заболени од грип/заболувања слични на грип, со што се бележи намалување во споредба со минатата сезона и со типичната сезонска крива.

Во Македонија, заклучно со петтата недела, вакциниpaни се вкупно 39.488 лица против сезонски грип. Вакцинирани се вкупно 28.922 лица со бесплатна вакцина, додека пак 10.566 лица се вакциниpaни со комерцијалните вакцини.

Мерките за заштита од Koвид-19 придонесоа за намалување на бројот за заболени и на пациенти од сезонски грип. Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасната заштита од ова заболување, велат од МЗ.

Повеќе информации во однос на состојбата со грип во земјава, за сезоната 2020/2021, може да добиете од веб-страницата на Институтот за јавно здравје: https://www.iph.mk/grip-5-nedela-2021/.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.