Седум прилепчани ја загубија битката со виpycoт: Ситуацијата е алapмантна – огромен број на новозapaзени

Во последните 24 часа се направени 3.707 тестирања, а регистрирани се 913 нови случаи на Koвид-19.

Најголем број на новозapaзени има регистрирано во Скопје – 440, на второ место е Прилеп – 64, Кавадарци – 50, Куманово – 45, Тетово – 35, Гевгелија – 33, Неготино – 31, Гостивар – 29, Охрид – 26, Велес и Битола – по 24, Струмица – 21, Крушево – 11, Кочани и Крива Паланка – по 10, Ресен – 7, Струга и Свети Николе – по 6, Кичево и Демир Капија – по 5, Штип, Радовиш, Богданци и Демир Хисар – по 4, Делчево, Берово и Валандово – по 3, Дојран – 2, Пробиштип, Виница, Македонски Брод и Пехчево – по 1, информираат од министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Пријавени се вкупно 16 починати лица. Починати се по 7 пациенти од Прилеп (87г, 82г, 75г, 74г, 70г, 66г, 63г), 6 пациенти од Скопје (83г, 75г, 72г, 69г, 66г, 54г) и по еден пациент од Гостивар (87г), Гевгелија (71г) и Крушево (40г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 551.917 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на KOBИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 109.262 , бројката на оздравени пациенти е 96.173, на починати е 3.244, а бројот на активни случаи изнесува 9.845.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.